САД ги повика своите граѓани да го напуштат Јемен

Од:

Американскиот Стејт департмент ги повика своите граѓани да го напуштат Јемен.

Во писменото предупредување се наведува дека во Јемен е зголемено нивото на безбедносните закани поради терористичка дејност и граѓански немири.

Во средата дел од персоналот на Амбасадата на САД во Јемен беше евакуиран.

Но, и покрај тоа Амбасадата на САД во Сана продолжи со работа.

Јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хади предупреди дека е можна граѓанска војна во Јемен откако шиитските бунтовници го зазедоа главниот град, Сана, при што повеќе од сто луѓе загинаа.

Би можело да ве интересира

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен