Агенти на американскиот ФБИ се упатија на аеродром во Њу Џерси по дојавата дека сите патници во авионот кој што денес полета од Хонг Конг се отруени.
Авионот на американската компанија „Јунајтед ерлајнс“ од Хонг Конг, треба да слета на аеродромот „Њуарк либерти”.
ФБИ реагираше на дојавата на еден патник од авионот и покрај тоа што истакна дека нема индиции дека навистина луѓето се отруени.
Сепак е одлучено агентите да се упатат на аеродромот и да го пречекаат авионот, пренесе „Асошиејтед прес“.
Елена Георгиевска