САД е новото жариште на Ковид-19, само во Њујорк се евидентирани повеќе од 21 илјада заразени

Од:

Американската јавност е во шок по црниот биланс на жртви и заразени во земјата.

Синоќа САД стана за еден ден петта држава во светот по бројот на починати од коронавирусот кој го надмина бројот од над 1000 жртви, а потоа и ја престигна Кина во бројот на заразени.

Проценките на Светската здравствена организација за САД дека ќе стане ново жариште на пандемијата излегоа точни, но никој претходно на ја зема анализата на СЗО во предвид.

Во моментов, САД е земја со над 85 илјади заразени, а повеќе од 1300 починаа изминатата недела.

Центарот на пандемијата е лоциран во Њујорк каде беа регистрирани 21 илјада само заразени, а надлежните велат дека бројот расте за околу 3 илјади на ден.

Во јавноста се смета дека тоа е резултат на неодговорната админстрација на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги одбил стандардизираните тестирања на СЗО.

Претходно администрацијата на претседателот според исказите на Кристофер Стелерс, експерт за животна средина и здравје, го стопирала работењето на Центарот за контрола и превенција на болести кој е со седиште во Кина, а истиот имал задача да ја следи состојбата околу пандемијата.

Дел од локалните власти реагираа индивидуално за превенција од вирусот откако забележаа дека претседателот на САД не превзема ништо, напротив константно се спротивставува и го негира мерките пропишани од Светската здравствена организација.

Ситуацијата станува уште поалармантна со фактот што еден од десет Американци немаат здравствено осигурување, а повеќе работодавачи ги приморуваат вработените да работат дури и кога се болни.

Здравствениот систем на сојузната држава Њујорк е пред колапс со повеќе од 3 илјади хоспитализирани луѓе.

Тамошните власти се во потрага по респиратори, маски и заштитна облека кои се неопходни за заштита на јавното здравје.

Гувернерот на Њујорк, Куомо го обвини американскиот претседател за неодговорност и соопшти: „Каде сме ние сега, вие ќе бидете за неколку недели“.

Иако целиот свет превзема радикални мерки за борбата против коронавирусот, американскиот претседател, Трамп не се повлекува од својот план наскоро да ги укине сите вонредни мерки со цел економијата и берзата на САД да продолжи со работа.

Во понеделникот Доналд Трамп соопшти дека САД не е создадена да биде затворена.

„Оваа земја не е изградена за тоа, Америка повторно и наскоро ќе биде отворена за работа, нема да чека со месеци, тоа можам веднаш да ви кажам“, додаде американскиот претседател, Трамп.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата