САД демантираа дека исламистички борци ја зазеле американската Амбасада во Либија

Од:

Американските власти ги демантираа информациите дека исламистички борци го зазеле комплексот на американската Амбасада во Либија.

Според информациите, објавени од повеќе медиуми, Амбасадата, чиј персонал бил евакуиран кон крајот на јули, пред околу една недела бил нападнат од членови на исламистичката милиција „Либиска зора“, кои ја имаат контролата врз комплексот.

На сајтот Јутјуб е објавен видеозапис, на кој се гледаат вооружени лица на територијата на американската дипломатска мисија во Триполи.

Според амбасадорот на САД во Либија, Дебора Џоунс снимката на Јутјуб го прикажува станбениот објект на дипломатското претставништво.

Таа додаде дека комплексот на Амбасада е обезбедуван и не бил ограбен.

Џоунс, која сега се наоѓа на Малта, ова го објави преку Твитер.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија