САД би можеле да испратат дополнителни 2.500 војници во Полска

Од:

Околу 2.500 војници од вкупно 8.500 војници планирани да бидат испратени во Источна Европа би можеле да бидат префрлени во Полска, изјави за полското радио директорот на Националната служба за безбедност Павел Солох.

Тој информира дека САД рекле дека се подготвуваат да „префрлат повеќе од 8.500 војници низ Источна Европа“.

– Во нашата земја најверојатно ќе пристигнат уште околу 2.500 војници, рече Солох.

Според него, во тек се два плана.

– Едниот е физичко присуство на американската војска, вклучително и на полска територија. Вториот е активирање на механизам, создавање на можности за трансфер на значителен број војници во случај на таква потреба. И на тоа се работи, рече тој.

Во моментов во Полска има околу 5.000 американски војници.

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби минатата недела изјави дека САД се подготвени да испратат 8.500 војници во Европа, но конечна одлука сè уште не е донесена. Станува збор за борбени, разузнавачки, воздухопловни, медицински и транспортни единици. На 25 јануари Кирби за Си-Ен-Ен изјави дека Вашингтон не планира да испраќа војници во Европа вон териториите на државите сојузнички во НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот