САД бараат отстапки од Бразил во трговијата со етанол и во авио-транспортот

Од:

САД и Бразил почнаа преговори за американската одлука за воведување на царини за увоз на челик и алуминиум.

Од бразилски деловни извори се дознава дека САД побарале од Бразил да ги преиспита своите царини за увоз на американски етанол и да потпише договор за либерализирање на американските инвестиции во бразилскиот авио-транспорт, како услов за укинување на царините за челик и алуминиум. Белата куќа веќе најави дека земјите од ЕУ и други стратегиски важни партнерски држави ќе бидат изземени од најавените царини, но ова е условено со деловни отстапки од нивна страна. Американските фармери особено се жалат на бразилските давачки на етанолот, алкохол што се добива од пченка и што масовно се произведува во САД, а кој се користи како додаток во бензините.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија