САД бараат објаснување од Русија за статусот на Сноуден

Од:

САД бараат објаснување од руските власти за какви било промени во статусот на поранешниот соработник на ЦИА,Едвард Сноуден, изјави денеска портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, цитиран од британските медиуми.


Зборувајќи пред новинарите во авионот на американскиот претседател „Ерфорс-1“, Карни кажа дека американската позиција останува дека Сноуден треба да биде вратен во САД за да му се суди за шпионажа.


Адвокатот на Сноуден, во врска со неговото барање за привремен азил, денеска изјави дека тој засега не планира да ја напушти Русија.

Би можело да ве интересира

САД: Јавните обвинители побараа мирен трансфер на власта

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски