Сабина не е бремена и не сака да се врати дома

Од:

Сабина Селимовиќ (15), една од двете австриски тинејџерки со босанско потекло, кои во април годинава им се приклучија на џихадистите од групата Исламска држава (ИД), за еден француски весник изјави дека меѓу џихадстите и е добро и оти не сака да се врати дома.

Како што пренесуваат албанските медиуми, таа интервјуто го дала преку пораки по мобилен телефон.

– Добро се грижат за мене. Уживам во новиот живот. Имаме кечап и „нутела“. Можеме да добиеме и житарки и млеко за појадок, изјавила таа демантирајќи ја претходно објавената инфомација дека заедно со Самра Кесиновиќ (17) сакаат да се вратат дома.

Таа исто така демантирала дека е бремена.

Сепак, експертите сметаат дека размената на прашањата и одговорите се дадени во присуство на нејзиниот сопруг-џихадист и се пропаганда на исламистите по објавените информации дека Сабина сака да се врати дома.

Сабина и Самра, како што објавија на почетокот на месецов австриските медиуми, се јавиле на своите семејства и им рекле дека се бремени и сакаат да се вратат во нивните домови, бидејќи целосно се разочарале од нивниот живот во градот Рака во Сирија. Тие додале дека веќе не може да живеат како досега, но оти се плашат дека повеќе нема да можат да се вратат, бидејќи повеќето луѓе сега ги поврзуваат со ИД.

Би можело да ве интересира

Уапсено уште едно лице за планирање џихадистички напад во Париз, кон крајот на 2021 година

А1он

Исламски џихад влегува во војна со Израел по убиството на воениот командант Абу ел-Ата

Ана Ололовска

Стотици џихадисти подготвени за напади во Европа

Емир Латифовиќ

Исповед на еден џихадист-покајник

Емир Латифовиќ

Меѓународна конференција за борба против феноменот на странски џихадисти

Емир Латифовиќ

Договорена соработка меѓу држави од Централна и ЈИЕ во борбата со џихадистите

Емир Латифовиќ