Руте: Путин не успеа да го подели Западот, заедно ги зголемуваме инвестициите во одбраната

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не успеал во своите обиди да го подели Западот, истакнувајќи дека сите членки на Алијансата се обврзале да ги зголемат трошоците за одбрана за пет проценти од БДП, и дека Шведска и Финска неодамна се приклучија на НАТО.

Сепак, тој предупреди дека Западот не треба да биде „наивен“ кога станува збор за Русија, повикувајќи се на проценките на европските воени лидери дека Москва би можела да го нападне НАТО за три, пет или седум години, објавува „Гардијан“.

– Знаеме дека постои закана од Русија, краткорочна, долгорочна, што и да е, но заканата од Русија е таму и треба да се осигураме дека можеме да се одбраниме и затоа го правиме ова, рече Руте.

Зборувајќи за Украина, Руте укажа на потребата да ѝ се обезбеди на земјата сè што ѝ е потребно за да се „одбрани“ од Путин додека се работи на мировен договор.

„Очигледно, сите работиме на постигнување мировен договор или долгорочен прекин на огнот, а потоа треба да се осигураме дека Украина има сè што ѝ е потребно за да го спречи Владимир Владимирович Путин некогаш, никогаш повторно да се обиде да го стори ова во иднина“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ