Руте: НАТО сериозно го сфаќа попречувањето на GPS сигналот, работиме на тоа да го спречиме

Од:

НАТО го сфаќа многу сериозно блокирањето на GPS системот, а Aлијансата континуирано работи на тоа да го спречи и да осигури дека нема да се случи повторно, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Руте ги даде овие забелешки откако GPS сигналот на авионот во кој се наоѓаше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше прекинат на пат кон Бугарија, објави Ројтерс.

Бугарската влада соопшти дека GPS сигналот бил изгубен додека авионот на фон дер Лајен се приближувал кон Пловдив во јужна Бугарија, принудувајќи ги контролорите на летање да се префрлат на копнени навигациски системи за да обезбедат безбедно слетување. Инцидентот се случил додека фон дер Лајен била на четиридневна турнеја низ земјите-членки на ЕУ што граничат со Русија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова и Руте: Македонија е столб на безбедноста на Западен Балкан

Руте во официјална посета на Македонија

А1он

Марк Руте: НАТО нема да учествува во акции против Иран

А1он

Фон дер Лајен повика на промена на режимот во Иран: Итно е потребна веродостојна транзиција

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Вашата борба нема да биде заборавена

А1он