Руте: НАТО не може да си дозволи да соборува дронови со скапи ракети

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека западните војски не можат да продолжат да соборуваат дојдовни беспилотни летала со скапи ракети.

Руте додаде дека НАТО брзо учи од Украина како да се спротивстави на руските беспилотни летала.

„Не е одржливо да се соборуваат беспилотни летала што чинат илјада или две илјади долари со ракети што ве чинат можеби половина милион или милион долари. Сите ние брзо развиваме технологии и учиме од Украинците“, изјави тој за Блумберг.

Тој ги опиша неодамнешните упади со беспилотни летала во Данска како „многу загрижувачки“.

Руте рече дека американскиот претседател Доналд Трамп бил корисен за НАТО „со оглед на неговиот притисок врз земјите-членки да ги зголемат воените трошоци“.

„Секогаш сум бил уверен во НАТО, но мислам дека доаѓањето на претседателот Трамп на функцијата навистина помогна“, рече Руте, според Танјуг.

Тој истакна дека целта сега е да се изврши нов притисок врз рускиот претседател Владимир Путин „за да седне на преговарачката маса“ и да изрази доверба „дека ќе ја постигнеме целта“.

Би можело да ве интересира

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“