Руте: НАТО алијансата останува обединета, без разлика кој ќе победи на изборите во САД

Од:

„НАТО ќе остане обединето без разлика кој ќе победи на изборите во САД“ смета генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.

Тој рече дека НАТО ќе работи и со Камала Харис и со Доналд Трамп со цел алијансата да остане обединета, рече Руте на средба со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Според него, во интерес на САД е поддршката за НАТО, па поради тоа не се сомнева дека кој и да победи на изборите ќе продолжи со поддршка за Алијансата.

При мандатот на Трамп од 2017 до 2021 година, поранешниот американски претседател често знаеше да ги критикува сојузниците поради, како што велеше, недоволното инвестирање во одбраната.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Муцунски: Силата на солидарноста е главната карактеристика на НАТО сојузот, а во случајот со трагедијата во Кочани беше демонстрирана од се срце

Пет години членство на Македонија во НАТО

Наришкин: Варварското бомбардирање на НАТО на Југославија е злосторство што не се заборавa

Горан Наумовски