Руте: Групата од 30 земји создава безбедносни гаранции за Украина

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека група од 30 земји, вклучувајќи ги Јапонија и Австралија, активно работат на развој на концепт за безбедносни гаранции за Украина, како дел од пошироко решение за конфликтот.

„Во текот на изминатите неколку месеци, група од 30 земји, вклучувајќи ги Јапонија и Австралија, предводени од британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон, работеа на концепт за безбедносни гаранции“, рече Руте.

На 18 август, во Белата куќа се одржа состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Покрај двајцата, во разговорите учествуваа и голем број европски лидери, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Претседателот на САД во таа пригода изјави дека веќе започнал подготовки за трилатерален состанок со рускиот претседател Владимир Путин и Зеленски.

„Тој состанок ќе следи по билатералните разговори“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат