Руското МО за утре најави хуманитарен коридор за евакуација на цивили од фабриката Азот во Северодоњецк

Од:

Руското Министерство за одбрана за утре најави отворање на хуманитарен коридор за цивили од територијата на фабриката Азот во Северодоњецк и ги повика украинските сили да го положат оружјето.

– Водени од хуманите принципи, вооружените сили на Русија и формациите на Луганската Народна Република се подготвени да спроведат хуманитарна операција за евакуација на цивили. За да се направи тоа, на 15 јуни од 8 до 20 часот по московско време ќе биде отворен хуманитарен коридор во правец на север кон градот Сватово во Луганската Народна Република, изјави Михаил Мизинцев, шеф на рускиот национален центар за одбрана, јавуваат руски медиуми.

Како што рече Мизинцев, загарантирана е сигурна евакуација на сите цивили без исклучок и нивното движење во рамки на хуманитарните конвои до центрите за привремено сместување.

Според Мизинцев, украинската страна побарала организација на хуманитарен коридор за евакуација на цивили, жени, деца и стари лица, кои се наоѓаат во хемиската фабрика Азот во Северодоњецк на територијата која е под контрола на Киев во градот Лисичанск.

Исто така, руското Министерство за одбрана предложи украинските формации во фабриката Азот тој ден да го положат оружјето .

Мизинцев посочи дека предлагаат, како што рече, „милитантите на националистичките баталјони и странските платеници“ кои се во фабриката Азот утре да прекинат со какви било воени дејствија и да ги пропуштат цивилите што ги држат низ овој хуманитарен коридор.

Мизинцев рече и дека Руската Федерација гарантира зачувување на животот и почитување на сите норми од Женевската конвенција за постапување со воените заробеници, како што се случи со оние кои претходно се предадоа во Мариупол.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион