Руско капење деца на -30 степени

Од:

Во рускиот град Барнаулу крај Новосибирск каде температурите во зима се и до минус 30 степени под нула, деца од една градинка секој ден се надвор и се капат со ладна вода за време на целата година.

Ним не им смета зимата, туку си играат на снегот, заедно со учителката се „полеваат“ со ладна вода.

Се работи за древен ритуал кој во градинката го вовела директорката Олесија Осинтсева пред 18 години.

Осинтсева тврди дека децата се многу поздрави по тој третман и поотпорни на вируси.

– Пред 18 години имавме состанок – учители и лекари да разговараме за здравјето на нашите деца. Тие се разболуваа од грип и имаше денови кога половината од нив беа болни. Беше очигледно дека мора нешто да преземеме за да станат поотпорни на вируси и да бидат посилни, вели таа.

– Дојдовме до идеја да го зајакнеме нивниот имунитет со вежбање со ладна вода надвор на студ. Тестиравме на себе и на своите деца. Шест месеци такви вежби не направија многу поотпорни на болести, објасни директорката на градинката.

Таа разговарала со родителите на децата и потоа оформила група деца чии родители се согласиле секојдневно од свои две години да се полеваат со ладна вода.

– Целосно сум сигурна: овде децата се много здрави. Нема да се заразат од оние кои имаат некоја инфекција, вели Осинтсева.

Ритуалот почнува со вежби во објектот на градинката, а самото капење не е подолго од 1,5 минути. Ако температурата на воздухот е под 30 степени Целзиусови или дува силен ветер, третманот се откажува.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица