Руските власти ќе градат 25 затвори во анектираните украински територии

Од:

Руската Влада им наложи на затворските власти да изградат 25 казнени колонии во регионите на Украина анектирани од почетокот на војната, објавено e денеска во официјалното Парламентарно гласило.

Според наредбата на руските власти, 12 затвори ќе бидат изградени во регионот на Доњецк, седум во Луганск, три во окупираниот дел на регионот Керсон и два во областа Запорожје, каде што треба да се изгради и затворски камп од отворен тип.

Организацијата за граѓански права „Русија зад решетки“ тврди дека платеничката организација „Вагнер“ досега регрутирала околу 50 илјади затвореници од руските затвори за војната во Украина. Од нив, според организацијата, само околу десет илјади се воено активни, додека останатите или загинале, дел се ранети, заробени или дезертирале.

Украинскиот Генералштаб изутринава соопшти дека групата „Вагнер“ поради големи загуби на фронтот почнала да регрутира и украински затвореници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Гатилов: Подготвени сме за преговори доколку Трамп ја прифати реалноста на терен

Русите го затворија Каспиското Море за НАТО

Руте: Војната во Украина е дел од глобалната борба за моќ меѓу САД и Кина

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

Украина „психолошки“ се подготвува за преговори со Русија

Приносот на жито во Русија годинава достигна 130 милиони тони