Руските сили ја презедоа контролата врз населбата Калиново во Доњецк, Украина

Од:

Руските сили ја презедоа контролата врз селото Калиново во Доњецк во источна Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Селото Калиново во Доњецката Народна Република беше ослободено како резултат на акцијата на борбената група Центар“, соопшти Министерството, пренесе ТАСС.

Се посочува дека руските сили погодиле украински капацитети за производство на компоненти за оперативно-тактички ракети „Гром-2“ и беспилотни летала „Паљаница“.

Од почетокот на месецот руските војници ја презедоа контролата врз селата во Доњецк: Заветно, Птиче, Вјемка, Скучно, Карловка и Пречистовка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Истанбул повторно се тресе, повеќе од сто земјотреси, стотици повредени

Предраг Петровиќ

Белата куќа: Трпението на Трамп за Украина е при крај

Трамп со ултиматум до Зеленски: Избери мир или изгуби ја целата држава

Пропадна мировниот договор, Зеленски го отфрли клучниот услов на Трамп

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ