Руските панкерки ќе бидат испратени во работен логор?

Од:

Ако судот во Москва денеска ги осуди трите членки на Пуси Рајот на работен логор, тие би можеле да се соочат со најтешките затворски услови, каде што ќе делат една барака со најмалку 100 жени.

Државниот обвинител рече дека членките на бендот заслужуваат да бидат изолирани од општеството поради настапот против претседателот Владимир Путин во црквата во Москва и побара да бидат осудени на три години со казнена колонија.

Обиколени со висока ограда, со бодликава жица и стражарници, во овие казнени колонии во руските села има околу 60.000 жени. Чим пристигнат, казнетите жени ја оставаат својата облека и добиваат затворска на која е испишано личното име.

Членките на бендот Недежда Толоконикова, Марија Алјокина и Јекатерина Самутсевич би можееле да почнат да шијат униформи за затвореничките, за војската и за полицијата што е вообичаена должност во овие логори.

Денот почнува во 06.00 часот и се прекинува со повиците за престројување, а внатре влегуваат само ако температурата се спушти под минус 30 степени.

Со семејството може да комуницираат само еднаш месечно и тоа на 15 минути. Освен тешките услови во логорите, жените се соочуваат и со насилство од стражарите.

Во октомври минатата година, заменикот гувернер на ќенската колонија во регионот Амура беше снимен како удира две затворенички, но тој подоцна беше само условно казнет.

За денеска во повеќе од 20. градови во светот пред соопштување на одлуката за членките на бендот ќе се организираат демонстрации за нивно ослободување.

Би можело да ве интересира

Русите го затворија Каспиското Море за НАТО

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

Приносот на жито во Русија годинава достигна 130 милиони тони

Руте: Русија ќе се обиде да го уништи украинскиот електроенергетски систем

Горан Наумовски

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Во руските напади врз Украина во изминатите 24 часа беа повредени 15 лица