Руските компании почнаа да користат биткоин поради западните санкции

Од:

Руските компании почнаа да користат биткоин и други дигитални валути во меѓународните плаќања по промените во законските регулативи, се со цел да се спротивстават на западните санкции, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов, пренесе „Ројтерс“.

„Во рамките на експерименталниот модел, можно е да се користат биткоини во надворешно-трговските трансакции што ги „миниравме“ овде во Русија. Такви трансакции веќе се случуваат. Сметаме дека тие треба да се прошират и дополнително да се развијат. Уверен сум дека ова ќе се случи следната година“, рече Силуанов, додавајќи дека „меѓународните плаќања во дигитални валути се иднината“.

Како што пренесува Ројтерс, санкциите ја искомплицираа трговијата на Русија со нејзините главни партнери, Кина и Турција, бидејќи локалните банки станаа претпазливи за трансакциите поврзани со Русија за да избегнат контрола од западните регулатори.

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск

Фондациите на Елтон Џон се додадени на листата на непожелни организации во Русија

Мајка со секира си ги уби трите деца

А1он

ФСБ уапси молдавски државјанин кој планирал бомбашки напади во Русија