Глобус – Загреб
Што е воопшто точно во конструкциите за моќните хакери на Путин никој се уште не успеал аргументирано да го докаже. Но, шпекулациите за руските упади во американскиот сајбер простор е една од алатките за пресметка со Трамп.
Заживеа ново глобално чудовиште, но далеку поголемо, помистериозно и понедопирливо од познатите чудовишта Ал Каеда, ИСИС и целата група на терористи распоредени во евроазискиот простор. За разлика од брадестите чудовишта кои веруваат дека ќе одат во вечниот рај со 72 девици ако се разнесат со бомби, или ако ги убијат противниците, овој франкештајн не може да се фати ни за глава ни за опаш, а на бомбите е имун.
Тоа чудовиште живее во етерот и опасно се заканува на проверените западни либерални вредности. На ланец го држи злобниот господар на вселената Владимир Путин. Неговите терористички хакери веќе загрозија половина свет, па дури и најголемата воена и технолошка сила Соединетите Американски Држави, кои како што велат американските неоконзервативци и многу мејнстрим медиуми, веќе го наместија Доналд Трамп за претседател.
Тоа поставување на рускиот манџуриски кандидат е само почеток. Никој не знае што ќе следи. Дали Американците ќе останат без струја откако руските хакери ќе завладеат со дистрибутивната мрежа, или ќе се случи уште полошо, руската хакерска војска да ги одврати американските нуклеарни проектили од запишаните цели по Русија и Кина и да ги пушти на Њујорк и Вашингтон?! Се е можно.
Засега прва жртва на необичната злобна руска хакерска инвазија е Доналд Трамп. Новиот претседател се обидува да го демонтира со комплетно deep state обвинение дека Владимир Путин го довел на власт така што неговите хакери упаднале во системот на Хилари Клинтон и ја исфрлија од трката со објавувањето на доверливи материјали и конструирање на гласини во кои многумина ќе поверуваат.
Врските со Русија
Доналд Трамп се најде на удар на врховниот јастреб, сенаторот Џон Мекејн, откако неодамна од должност го разреши шефот на ФБИ Џејмс Коми. Тоа го направи бидејќи Коми со своите експерти навлегол во истрагата на врските на Трамп со Русија, па друго ништо не му преостанало, верува МекКеин, но не само тој туку и неверојатно моќниот и богат антитрамповски конгломерат. Трамп сето тоа го нарекува измислица и бесмислица и додаде дека во Москва веројатно се смеат на таа приказна.
Се смееле или не, од Москва секако порачуваат дека немаат врска со мешање во изборите во други земји. Во изјавата на големиот евроазиски форум во Кина, Путин рече дека последниот сајбер напад на најмалку 72 земји во светот доаѓа од еден од украдените програми на врвот на американската разузнавачка агенција НСА.
Шпекулациите за руските упади во американскиот сајбер простор е една од алките за пресметка со Трамп. Кога тие обвиненија би се заокружиле во цела приказна, што за сега не е случај, таа приказна би можела да доведе и до отворање на постапка на импичмент, или отповикување, како одамна во случајот со Ричард Никсон. Но, на Трамп, освен дифамација, може да му се заканува и физичка ликвидација, известуваат некои помалку познати американски медиуми, а подготвено преземаат руски на англиски. Имено, на еден од неговите два боинга 747 со назнаката Airforce One се појавила грешка која би можела да доведе до палење и експлозија додека сино-белата птица е високо во воздухот.
Приказната за техничките проблеми на Airforce One, се чини автентична, а не fake news, но правењето на сценарио според кое тој е руски играч, е многу поопасна за политичкиот опстанок. За сега сепак поминува подобро од чешкиот претседател Милош Земан, кој пред некој ден издаде необично соопштение. Земан, најголем поборник за соработката на Чешка со Русија меѓу чешката политичка елита, издаде соопштение дека хакерите му наместиле педофилија. На неговиот сајт ставиле педофилски снимки и фотографии со цел да го дифамираат. Утврдил дека одговорни се хакерите од Алабама! Предавник, или стар педофил, не знае што е полошо.
Трамп под сомневање
Доналд Трамп во својот досегашен мандат имал само неколку дена поштеда од товарот на сомневање за соработка со Путин и тоа откако наредил испалување на 59 томахавки од два носача во Средоземјето. Во тој момент стана „наш човек”, славен следните неколку дена како одмаздник на правдата, бидејќи реагирал на наводното сириско пуштање на отровниот гас на деца во Идлиб. Веднаш по тој чин повлече уште еден за американските неоконзервативци исклучително популарен потег. Испрати борбена флота околу носачот Чарл Винсон кон бреговите на Северна Кореја.
Тропањето на борбените тапани траеше неколку дена, во приказната влегоа Русија, Кина, Јужна Кореја, Јапонија, но потоа таа тензија попушти. Северна Кореја испали најнова ракета во морето на 500 километри од својот брег, а бидејќи достигна дури 2000 километри, се смета дека има дострел од 4 до 5.000 километри ако би била испалена под соодветен агол. Американските стратези во реакциите ја менуваат тактиката и овој пат се обидуваат да испровоцираат руска реакција, но на прашањето дали се чувствуваат загрозени Русите одговорија: „Никако не сме загрозени, ние го следевме патот на ракетата и заклучивме дека целосно сме безбедни”. Ким Јонг-ун гаѓаше на друга страна.
Со голема сигурност може да се заклучи дека Доналд Трамп ќе има мир само ако ја покрене војската на една од бројните невралгични точки и да го исполни сонот на МекКејн и братијата за пресметка со Русија еднаш за секогаш. Длабоката држава во меѓувреме дозна дека процесот се врти во несакан правец: договорена е прва средба меѓу Путин и Трамп на претстојниот самит на G20 во Берлин, Сергеј Лавров министерот за надворешни работи беше во Белата куќа, а пред тоа во Москва се сретнаа Лавров и државниот секретар Тилерсон.
Останува да се види што е со влезот на американско-британските сили во друштво со Слободната сириска војска од Јордан и Сирија, кој според израелските и сириските медиуми, се случил во неделата попладне. Дали се работи за ограничена акција или нешто поголемо? Дали Трамп повлече уште еден потег за пеглање на имиџот меѓу јастребите?
Што воопшто е точно во конструкциите за моќните хакери на Путин, никој се уште не успеал аргументирано да го докаже.
Приказната одамна се шири и на водечките земји на Европската унија. Германската тајна служба БНД уште пред неколку месеци прати предупредување дека руската служба GRU со помош на високо профилни хакери ќе се обиде да влијае на изборите во водечките земји на ЕУ, така што ги минира кандидатите што не им се по волја. Руските хакери на одржаните француски избори се обвинети за удар на кампањата на победникот Емануел Макрон.
Од Берлин порачуваат дека нема да бидат изненадени од напади пред и за време на германските избори во септември, додека Борис Џонсон, британскиот министер за надворешни работи, верува дека Русите ќе се вклучат во британските избори и тоа на страната на лабуристичкиот кандидат Џереми Корбин. Џонсон стана жесток антирус, иако во времето додека беше градоначалник на Лондон единствен од познатите политичари им честиташе на Русите на ослободувањето на древната Палмира во Сирија.
Кој го хакираше Макрон
Да се вратиме на последниот случај, на наводното руско хакирање на француските претседателски избори. Дали имало такво нешто и во која мера? Според однапред одредените улоги Москва ја поддржуваше хероината на десницата Марин Ле Пен, а не бирократот Емануел Макрон, фаворит на француската елита, со популистички ставови. Два дена пред изворите протекоа документи од блокот на Макрон, за што од неговиот табор веднаш ги обвинија руските парадржавни хакери. Но, многу порано од објавата на тие наводно компромитирачки материјали, макроновците имале сериозен проблем со руските новинари.
Имено, одбиле да издадат акредитација на екипата на руската сателитска програма Russia Today, инаку по БиБиСи втори нај гледани странски вести во Америка. Уредниците на RT им се одмаздувале со денови емитувајќи ги лошите оправдувања на PR луѓето на Макрон. Непожелните руски медиуми така беа воведени во игра многу пред протекувањето на доверливите меилови во наводна руска режија.
Нема дилеми дека Макрон побарал да се одбијат новинарите на RT и со тоа заземал јасен став на борец против руското мешање во западните демократски избори.
Пораката до јавноста и гласачите е јасна. Москва ја поддржува Марин Ле Пен и заостанатата, глупавата и шовинистичка Франција, наместо либерална, глобалистичка каква што ја застапува Емануел Макрон. Со неа се обидува да постигне и нешто хомогенизација на гласачкото тело кое и денес мисли дека Русија е исто што и Советскиот Сојуз пред 30 години. Тој наратив го прифатија сите американски и европски мејнстрим медиуми и застанаа во одбрана на европската либерална демократија пред нападите на сајбер варварите од дивиот исток.
Како и обично, притоа не се водеше многу сметка за сомнителните детали, па така високо профилните руски хакери навлегувајќи во кампањата на Макрон, наводно оставиле потпис и тоа на кирилица, а еден од нив и име и презиме.
Тоа веќе потсетува на тој виц од студената војна за врвен разузнавач кој Американците со падобранец го уфрлиле во СССР. Избрале човек со најдобри карактеристики убедени дека може да изврши најсложени задачи. Но, Русите веднаш го откриле, го уапсиле и го пратиле во затвор за размена. Како? Па бил црнец.
„Falce flag”
Приказната за руското хакирање на француските избори е толку неверодостојна што дури и некои американски конзервативни медиуми го прогласија за „falce flag” операција. The Nacional Interest, конзервативна веб страна, предупредува дека на Западот завладеала хистерија поради руско загрозување на сајбер безбедноста. Според логиката qui bono, т.е. кој добива, во случајот со француските избори, хакирањето на Макрон од Русија тешко дека ќе донесеше поени на фаворитката на Москва Марин Ле Пен. Напротив. Освен тоа, никој реален не можеше да очекува победа на Марин Ле Пен во вториот круг.
Русија е во многу деликатна позиција, предупредува National Interest. Против себе го има целиот развиен Запад со повеќекратно посилни воени и технолошки потенцијали и поради тоа бира стрплив пристап. Не попушта, но до целта оди концентрирано, со мали чекори, избегнувајќи тет-а-тет контакт. На крај оценуваат дека Макрон го нападнала некоја пролепеновска десничарка екипа, а не московскиот инкубатор на хакери.
Но, приказната е многу поефектна со главниот, митски непријател на демократијата во водечката улога. Секако ова ќе продолжи до недоглед. Новото чудовиште е родено, мора да расте токму како тероризмот кој се зголеми 20 пати откако во 2001 година почна борбата против тероризмот. Новиот облик на војување напредува и се шири.