Рускиот товарен брод, со помош на канадски реморкер се оддалечува од канадскиот брег

Од:

Голем канадски реморкер го влече хаварисаниот руски товарен брод, полн со нафта и дизел гориво и го оддалечува од крајбрежјето на канадската провинција Бритиш Колумбија, ставајќи крај на стравувањата дека бродот ќе удри во карпи и ќе дојде до истекување на нафта.

Полковникот Пол Пендергаст од Заедничкиот координативен центар за спасувачки операции на канадските вооружени сили изјави дека реморкерот „Барбара Фос“ пристигнал на местото на несреќата синоќа и оти засега влечењето на рускиот брод „Симушир“ се одвива добро.

Властите ќе почекаат бродот да се оддалечи доволно од островите Хајда Гваји, пред да одлучат, во која насока ќе продолжи да се движи. Најблиското пристаниште за товарни бродови е Принс Руперт и тоа се наоѓа на 93 морски милји.

Локалното население прогласи вонредна состојба стравувајќи дека бродот-контејнер би можел да удри во брегот и да ја уништи животната средина, бидејќи превезува 400 тони нафта и 50 тони дизел гориво.

Рускиот брод кој исплови од сојузната американска држава Вашингтон, во четвртокот имаше дефект на моторот поради лошите временски услови и пловеше на околу осум наутички милји од западниот брег на архипелагот Гваји.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија