Рускиот регулатор бара да се поништи регистрацијата на Новаја Газета

Од:

Рускиот медиумски регулатор поднесе судско барање за укинување на регистрацијата на независниот весник Новаја Газета, објавено е денеска на веб-страницата на судот.

Новаја газета, симбол на независните медиуми во Русија од 1993 година, ја прекина својата работа во земјата во март по предупредувањето од државниот регулатор за комуникации Роскомнадзор и мораше да ја отстрани целата содржина од својата страница во врска со руската инвазија на Украина.

Доколку се поништи регистрацијата, новинарите на Новаја Газета ќе го изгубат правото на работа доколку весникот ја рестартира својата работа во Русија.

Дел од редакцијата започна европско издание во Рига, Летонија, кое во април беше блокирано во Русија.

Издавачката куќа Ригас Вилни, која го издава весникот, во мај соопшти дека Новаја Газета Европа е „публикација создадена од хонорарни руски новинари кои биле принудени да емигрираат“.

Долгогодишниот уредник на Новаја Газета и добитник на Нобеловата награда за мир Дмитриј Муратов остана во Русија и покрај неговото гласно противење на конфликтот во Украина.

Во април беше нападнат од поддржувачи на војната, кои го посипаа со црвена боја.

Новаја Газета е ко-основана од Михаил Горбачов во 1993 година. Тој остана единствениот весник во земјата што го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лавров: Русија е подготвена да ги брани своите интереси на Арктикот

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Песков: Изјавите на Столтенберг за реакцијата на Русија се кратковидни и наметливи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Закани од Кремљ: Нашето моќно оружје е подготвено

Горан Наумовски

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“