Рускиот премиер Медведев во официјална посета на Тајланд

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска допатува во официјална посета на Тајланд.

Посетата, како што коментираат и медиумите во Тајланд доаѓа во време кога и двете држави се соочени со трговски и политички бојкот од САД, Европската Унија и Австралија.

Официјално, целта на посетата е унапредување на економската размена меѓу Тајланд и Русија, но има најави дека утре во Бангкок ќе бидат потпишат и неколку договори за соработка во други области, не исклучувајќи и договор за некој вид воена соработка.

Ова е прва посета на руски премиер на Тајланд по 25 години. Во најавата за посетата на Медведев влијателниот дневник „Национал“ пишува дека како резултати може да се очекуваат зголемена посета на руски туристи на храмовите, плажите и баровите на Тајланд, а од руска страна е најавен откуп на сите резерви на сиров тајлански каучук.

По военниот удар во мај минатата година и воведувањето на вонредни мерки, со полициски час, бројката на странски туристи во Тајланд лани падна на 24,8 милиони, што е за 1,2 милиони помалку од 2.013. Директно од туризмот Тајланд остварува девет отсто од вкупниот БДП, а заедно со придружните гранки туристичката индустрија носи една петина од вкупните приходи на државата.

Поради вонредната состојба во државата по воениот удар, во Тајланд лани за 8 отсто опаднал и бројот на руски туристи. Статистиката забележала голем пораст на руски туристи кои наместо Тајланд лани ги посетиле Виетнам, Камбоџа и Индонезија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа