Рускиот космонаут Олег Кононенко постави нов рекорд за вкупното време во вселената

Од:

Рускиот космонаут Олег Кононенко денеска постави нов рекорд во вкупното времетраење на престојот во вселената, со што ја презеде титулата рекордер од исто така Русинот Генадиј Падалка, кој помина повеќе од 878 дена во орбитата, објави Роскосмос.

Руската вселенска агенција претходно објави дека денеска во 11.30 часот по московско време, Кононенко ќе стане космонаутот кој поминал најмногу време во вселената.

Пред него титулата му припадна на Падалка со вкупно времетраење на престој во вселената за пет вселенски летови од 878 дена, 11 часа, 29 минути и 28 секунди.

Би можело да ве интересира

Почина космонаутот Валериј Полјаков: Постави најдолг рекорд – 437 дена престој во вселената

А1он

На арапскиот космонаут на МВС му се зголемила главата

А1он