Рускиот фонд бара Словачка да ги врати вакцините „Спутник V“

Од:

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) денеска соопшти дека Словачка треба да ги врати дозите од вакцината „Спутник V“, кои ги добила од Русија, поради кршење на договорот, откако словачката Агенција за лекови покрена прашања поврзани со вакцините.

РДИФ, кој е одговорен за пласман на вакцината во странство, на официјалната страница на Твитер објави дека испратил писмо со барање за враќање на вакцините.

Фондот, исто така, побара вакцините да бидат испратени во специјално овластена лабораторија за натамошно тестирање, откако словачката Агенција за лекови претходно објави дека вакцините кои ги добила се разликуваат од проверените од Европската агенција за лекови (ЕМА) и медицинското списание „Лансет“.

Би можело да ве интересира

СЗО го пролонгира процесот на евалуација на руската вакцина Спутник В

Ана Ололовска

Можно производството на вакцината Спутник лајт во Србија

Ана Ололовска

Австралија одобри влез со вакцината Спутник V

Ана Ололовска

Кремљ е уверен дека СЗО во следните месеци ќе ја признае вакцината Спутник

Путин изрази надеж дека СЗО наскоро ќе ја одобри Спутник В

Ана Ололовска

Сијарто: Руската вакцина е најдобра, тоа го признаваат и западните експерти, но за тоа молчат

Ана Ололовска