Рускиот државен обвинител пронајде „странски агенти“ и во Советот на претседателот

Од:

Руското Државно обвинителство во рамки на проверката на работата и финансирањето на невладините организации, открило дека во активности на невладиниот сектор финансирани од странство учествувале и некои политичари на високи функции, изјави рускиот државен јавен обвинител Јуриј Чајка на седница на Советот на Федерацијата.

Чајка не спомена ниту едно име, но рече дека меѓу нив има и претставници на политички партии, како и некои членови на Советот на претседателот на Русија за развој на цивилното општество и човековите права.

– Во овој момент во Советот се наоѓаат четворица претставници на невладините организации, кои имаат функции на странски агенти и три НВО, кои таа функција ја имаа до стапување на законот во сила, рече Чајка во Санкт Петербург.

Според обвинителот, директорите на тие НВО-а одбиваат да ги регистрираат своите организации како странски агенти и тврдат дека не се занимаваат со политика, во што Чајка се сомнева.

– Тие и натамусе наоѓаат во Советот прекукој се обидуваат да влијаат на органите на власта, даваат стручни оценки на нормативно правните акти и предлагаат измени на закони, изјави рускиот државен обвинител.

Според Чајка, 22 од невладините организации директно потпаѓаат под законот за странски агенти и тие во изминатите три години, според сопствените изјави од странство примиле повеќе од 800 милиони рубљи (околу 19 милиони евра).

Кон крајот на ноември минатата година во сила стапи законот, кој ги обврзува сите невладини организации кои политички дејствуваат на територијата на Русија, а кои примаат донации од странство, да се регистрираат како странски агенти и таа фраза секогаш да ја истакнуваат на сите јавни собири и настапи.

По тоа Обвинителството почна со масовни проверки на НВО-ата во цела Русија, која опфати и организации како Транспаренси Интернешанл, Амнести Интернешанл, Хјуман рајтс воч, Град без наркотици, но и некои, кои ги финансираат странски амбасади, а кои воглавно се занимаваат со култура и часови по јазик.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ердоган не може да биде посредник во разговорите меѓу Русија и Украина

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени