Рускиот Врховен суд денеска ја отфрли жалбата на притворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, кој се пожали дека затворот не му обезбедил опрема за пишување, пишува рускиот независен портал Медиазона.
Навални, најистакнатиот член на руската опозиција, отслужува затворска казна од 11 и пол години за наводна измама и други обвиненија за кои вели дека биле измислени за да го замолчат. Нему му се суди за голем број други кривични дела, поради кои може да остане во затвор уште неколку децении.
Поранешниот адвокат претежно е во самица во затворот ИК-6 во Мелеково, град на 235 километри источно од Москва.