Најмалку 13 лица се повредени во новите руски напади врз различни украински градови, објавија локалните власти. Додека Киев одбележуваше 32 години независност од Москва, во руски ракетен напад беа повредени 10 лица во централниот град Днепар.
Три жртви во Днепар се во болница со умерени повреди, изјави регионалниот гувернер Серхиј Лисак. За време на нападот беа оштетени околу 10 згради, меѓу кои и банка и хотел.
Уште три лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во нападот на јужниот град Херсон. Регионалниот гувернер Олександар Прокудин изјави дека седумгодишно девојче е повредено кога гранати го погодиле покривот на приватна куќа.