Руски воени авиони повторно ја изненадија Шведска. Станува збор за руски ловци кои во сабота летале во тесниот појас на меѓународниот воздушен простор меѓу островите Оланд и Готланд во Балтичкото Море, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
-Не постои никаква дуга причина да се лета таму, освен да се вршат набљудувачки активности кон Шведска, велат извори во шведското воено воздухопловство.
Шведските медиуми јавија дека истовремено со овој инцидент почнала и голема воена вежба во Шведска со учесници, меѓу другото, од САД, Финска и од балтичките земји.
Инаку, руски воени воздухоплови, бомбардери и ловци, неодамна вежбаа и кај островот Готска Сандон на оддалеченост од 30-40 километри до шведската граница.
Шведската одбрана треба да има најмалку два Грипен-авиони за да ги пресретне неидентификуваните летала, но ниеден шведски авион не бил во готовност да полета. Алармот бил активиран кај НАТО, така што два дански авиона полетале од Литванија и ги следеле Русите на дистанца.