Руски воен репортер убиен во украинскиот напад со дронови

Од:

Рускиот воен репортер Семјон Еремин, кој работеше за рускиот дневен весник „Известија“, е убиен во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, пишува весникот. Весникот наведува дека 42-годишниот Еремин им подлегнал на раните што ги здобил во напад со украинско беспилотно летало додека се враќал од руска единица во регионот Запорожје, каде што бил на терен .

„Семјон Еремин, воен известувач за Известија, беше убиен на 19 април за време на напад на украински беспилотни летала во правец на Запорожје, каде што отиде да снима извештај“, пишува весникот. Неговата последна репортажа беше на руската страна од војната со беспилотни летала, пишува „Известија“.

Украина веднаш не го коментираше настанот.

Интензивните судири со артилерија и беспилотни летала, како и ограничувањата за репортерите од двете страни на фронтот долг 1.000 километри, ја направија војната во Украина многу опасна и тешка за работа на новинарите.

Најмалку 15 новинари се убиени во војната во Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Германец осуден на смрт се појави на белоруската телевизија, во солзи го моли Шолц за помош

Предраг Петровиќ

Украина губи 2.000 војници дневно

Предраг Петровиќ

Приближно 32 отсто од Украинците се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да се стави крај на војната

Руските сили ја презедоа контролата

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека истрела крстаречка ракета кон Русите од рамо“