Руски воен брод навлезе во територијалните води на Данска

Од:

Руски воен брод вчера двапати навлегол во територијалните води на Данска во близина на островот Борнхолм во Балтичко Море, соопшти Данската одбранбена команда.

Корветата влегла во данските води северно од малиот остров Кристијансо, во близина на поголемиот остров Борнхолм. По радио порака од данската морнарица, бродот веднаш ја напуштил областа, објавија денеска данските власти.

Министерот за надворешни работи Јепе Кофод го повика рускиот амбасадор на разговори за инцидентот.

Тоа беше длабоко неодговорна и целосно непотребна провокација за време на Фолкемодет, напиша Кофод на Твитер, мислејќи на годишниот политички настан што се одржува во Борнхолм.

Тој додаде дека „насилните тактики не функционираат против Данска“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот