Руски тајкун во егзил повикува на вооружен отпор против Путин: Мора да ги убедиме луѓето да започнат саботажа

Од:

Михаил Ходорковски, рускиот тајкун во егзил, ги повика Русите во земјата да започнат бран „саботажа“ против државните структури и Владимир Путин.

Ходорковски, кој помина една деценија во затвор меѓу 2003 и 2013 година, сега живее во Лондон и вели дека инвазијата на Путин целосно ја променила агендата на руската политичка опозиција и тврди дека „вооружениот отпор“ може да игра улога во одреден момент во иднината.

„Мораме да им објасниме на луѓето што можат да направат, да ги убедиме дека треба да го сторат тоа и исто така да им помогнеме ако поради тоа се најдат во опасна ситуација“, му рекол Ходорковски на Гарди, цитиран од Јутарњи лист.

Тој вели дека потенцијалните активности од овој тип треба да зависат од толеранцијата на ризикот на секој човек и може да се движат од сликање антивоени графити на улиците до саботажа на железнички пратки поврзани со војна или палење канцеларии за трансакции со пари.

„Но, ние сме многу јасно против терористичките методи кои можат да им наштетат на невооружените луѓе“, рече Ходорковски, критикувајќи го минатомесечното убиство на Дарја Дугина, ќерката на рускиот империјалистички идеолог, за што, без докази, се сметаат за одговорни и руските партизани.

Ходорковски е една од најинтересните личности од Русија, бидејќи тој е човек кој се издигна од скромните економски почетоци во Сојузот на комунистичката младина за време на реформите на неодамна починатиот Михаил Горбачов во доцните 80-ти, до најбогатиот бизнисмен во Русија благодарение на претседавањето со нафтената компанија Јукос.

Во книгата што наскоро ќе биде објавена, Ходорковски ги опишува своите први средби со Путин, од кои си заминал убеден дека новиот руски претседател е негов идеолошки сојузник. „Неговата техника е да ве гледа и прецизно да го прикаже она што го кажувате..Тој е камелеон кој им дозволува на сите луѓе да мислат дека е на нивна страна“, наведува Ходорковски во книгата.

Гледајќи наназад, тој за Гардијан признава дека целосно погрешно го „прочитал“ Путин. „Не бев доволно остар за да го забележам. Ја има таа професионална КГБ вештина да се прилагодува на соговорникот, но има и личен талент за тоа… Во тоа време не се чувствуваше стабилен во својата позиција и не сакаше да направи непријатели кои ќе се обединат против него.Се разбира, тој никогаш немал либерални ставови“, изјави меѓу другото рускиот тајкун.

Ходорковски беше уапсен во 2003 година под обвиненија кои нашироко се сметаат за политички, откако јавно ја критикуваше владината корупција за време на состанокот со Путин и вети дека ќе ги финансира опозициските партии. Неговото апсење се сметаше за една од првите пресвртници во постепеното „стискање“ на Путин во последните две децении.

Тој исто така вели дека е важно Западот да разбере дека Русија има и идеолошки сојузници, оние луѓе кои се европскиот пат на Русија и дека истиот Запад треба да се фокусира на тие луѓе, а не да ја поништи политиката на целосна забрана за туристички визи за Русите.

„Доколку Путин живее уште 10 или 15 години, тоа навистина би го намалило бројот на европски ориентирани Руси и мислам дека тоа не е добро за никого освен за Путин“, смета Ходорковски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зеленски се појави на првата линија на фронтот

ВИДЕО: Жесто руски напад на Одеса, има мртви и ранети

ВИДЕО: Четворица загинати, 10 повредени рускиот напад на Херсон

Катерина Ѓуровски

Ако Украина ја гаѓа Русија со ракети од САД, ќе сметаме дека е напад од Америка реагираше Кремљ

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

ВИДЕО: Кои ракети ќе ги користи Украина на руска територија и колкава моќ имаат

Катерина Ѓуровски