Руски пратеник: Украина ја чека судбината на СФРЈ

Од:

Михаил Маркелов, пратеникот во руска Дума од партијата „Единствена Русија“ смета дека по трагичните случувања во Одеса, Украина ја очекува судбината на поранешна Југославија, а дека раководството на државата мора да одговара пред Хашкиот трибунал за страдањата на цивилите.

-По масакрот во Одеса, подготовките за масакар во Лугањска и другите градови, гледаме дека Украина ја очекува судбината на Југославија во најлоша варијанта- истакна Маркелов.

Тој потсети дека пред судот во Хаг беа изведени и поранешниот претседатела на СР Југославијал, Слободан Милошевиќ и воениот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ како политичко и воено лице од грѓанската војна.

-Логично би било по иста шема, во Хаг да започне процес и против наканареченото апсолутно нелегално раководство од Киев- најгласи Маркелов.

Тој ја повика светската заедница да ја осуди трагедијата во Одеса и ги обвини оние кои што дозволиле да се уништува сопствениот народ.

-Целокупната меѓународна заедница мора да се согласи дека ова повеќе не е само судир. Она не е судир на интереси, ниту политички конфликт. Ова е убивање на сопствениот народ. Тоа денес сите го знаат. Ова не е една акција, туку систем за уништување на југоисток на Украина- нагласи тој.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица