Министерството за одбрана на Русија соопшти денеска дека руски подморници истрелале крстосувачки ракети во источниот дел на Средоземното Море, каде се наоѓаат позиции на екстремистичката група Исламска држава.
– Подморниците „Велики Новгород“ и „Колпино“ лансирале крстосувачки ракети кон важни позиции на ИД во Сирија, односно врз командниот центар, центарот за комуникации и складови за оружје и муниција во регионот што се наоѓа југоисточно од Деир ез Зор, се наведува во соопштението.
Од позицијата на руските морнарици, лансирани се седум крстосувачки ракети, а целите биле на растојание меѓу 500 и 670 километри. Елиминацијата на сите означени мети е потврдена.