Руски научници: Во Сибир има вонземјанска инсталација

Од:

Руски научници тврдат дека во Сибир постои вонземјанска инсталација, која го штити човештвото од уништување. Тие сметаат дека инсталацијата ја одржува планетата во стабилна орбита, бидејќи доколку планетата се помери или ја промени орбитата, целиот соларен систем ќе стане нестабилен.

-Ние на академијата сме убедени дека таа планета е населена и дека инсталацијата е создадена за да ги штити и нив и нас-тврдат научниците, пишува „Webtribune“.

Според нивните истражувања Земјата поседува пулс на фреквенција кој влијае на сите живи суштества.

-Пред околу 12.500 години фреквенцијата на овој пулс се совпаѓаше со староегипетскиот календар од 360 дена, но тогаш Земјата требаше да ја погоди астероид. Веруваме дека тогаш орбитата на Земјата е померена малку подалеку од Сонцето, поради што фреквенцијата стана 365-тврдат тие.

Научниците наведуваат дека прв пат инсталацијата ја лоцирале за време на конфликтот во поранешна Југославија и детектирале зголемено одземање на енергија.

-Тоа за нас беше неверојатно, но изгледа инсталацијата реагира на општествни немири и конфликти. Дел од нашата истрага опфаќање анализирање на древни записи и архиви, по што наидовме на Екутион Апос Аланхор текстови или Аланхор. Тие текстови се стари барем 4.000 години и даваат опис за инсталацијата и за тоа што се случува таму.

Валериј Узаров од руската Национална академија на науката во интервју со Греј Бирдсол, уредник на еден британски магазин зборуваше за НЛО. Тој наведе дека тие се убедени дека постои НЛО, но ги интересира која е нивната цел, па токму на тоа се однесуваат нивните истражувања.

Тој изјави и дека постои активна соработка помеѓу НАСА и руски официјални лица за воздухопловство и Вселената и дека би сакале да соработуваат и со други слични организации од САД.

-Пред некој ден бев во САД каде се сретнав со нивните шефови. Рекоа дека се заинтересирани за соработка со други организации. Може да ви кажам дека оваа мисија штотуку почнува.

Тој се осврна и на важните случувања поврзани со експлозијата во Тунгузија во 1908 година и наведе дека ја знаат причината за експлозијата.

-Експлозијата ја предизвика метеор, кој што беше уништен со некаков проектил. Проектилот го исфрлила некој вид инсталација, која што одамна е создадена и се наоѓа во Сибир, неколку стотици километри северно од Тунгузија. Не знаеме кој ја направил. Имаше уште неколку експлозии, а последниот проектил е исфрлен на 24-ти и 25-ти септември минатата година. Три американски бази исто така ги забележале експлозиите-наведе тој.

Тој додаде и дека астрономите во нивната академија велат дека луѓето нема од што да стравуваат, бидејќи слушнал дека се зборува за ротација на планетата, која е во орбита слична на Земјата, но зад Сонцето.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он