Руски карго брод запленет од француските власти

Од:

Руски брод е запленет од француски официјални власти во Ламанш.

Француските власти веруваат дека тоа може да биде поврзано со компанија осомничена за кршење на трговските санкции поврзани со војната во Украина.

Би-Би-Си јави дека француските власти објавиле дека руски товарен брод долг 127 метри наречен „Балтички лидер“ што превезувал автомобили бил пресретнат во текот на ноќта од француската морнарица и придружуван до пристаништето Булоњ-Сур-Мер во северна Франција“.

„Однесен е во француското пристаниште по барање на француската влада, бидејќи постои сомнеж дека припаѓа на компанија што е цел на санкциите на ЕУ против Москва. Екипажот на „Балтички лидер“ соработува со француските власти“.

Бродот беше запленет утрово. Руската Амбасада бара формално објаснување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство