Во поранешната американска база во северната сириска покраина Алепо, во близина на границата со Турција, денеска се распоредени руски хеликоптери и војници.
Објектите на поранешната американска воена база веќе се искористени за Центар за дистрибуција на хуманитарна помош за локалното население, а воениот аеродром сега го контролираа сириската армија.
Руското распоредување уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп ненадејно нареди повлекување на американските војници од Сирија. Во согласност со Договорот постигнат помеѓу рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган за заеднички патроли долж сириската граница со Турција.