Руски хеликоптер се урна во Норвешка

Од:

Руски хеликоптер со осум лица екипаж се урна во море во близина на норвешкиот арктички архипелаг Свалбард.

Службата за спасување на северна Норвешка соопшти дека хеликоптерот бил на пат од Баренцбург, втора по големина населба на Свалбард, кон руската област Пирамида.

Претставник на спасувачките служби изјави дека на местото на несреќата се испратени два спасувачки брода и хеликоптер.

На Свалбард кој е административен дел од Норвешка, на сила е посебен правен режим и во него се наоѓа руската населба Баренцбург, во која воглавно живеат рудари.

Би можело да ве интересира

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски

Украина: Имаме три многу солидни црвени линии

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Руте повика на нормализација на односите со Русија