Руски хакер уапсен на Тајланд, еден од најбараните на листата на ФБИ

Од:

Руски хакер е уапсен во Тајланд, медиумите шпекулираат дека е офицер на ГРУ (руско воено разузнавање).

Хакерот е меѓу 40-те Руси кои се бараат за сајбер напади во базата на податоци на ФБИ.

Тајландската полиција, на барање на САД го притвори рускиот државјанин осомничен за сериозни сајбер злосторства.

Властите го опишаа како „хакер од светска класа“ вклучен во напади врз владина инфраструктура во Европа и Соединетите Американски Држави.

Мажот бил уапсен во хотел во областа Таланг. Полицијата ги конфискувала неговите лаптопи, телефони и крипто-паричници.

Тој моментно е во притвор, а Канцеларијата на тајландскиот државен обвинител веќе покрена постапка за негова екстрадиција во САД.

Според истрагата на порталот „Вот Ток“, уапсеното лице би можело да биде 35-годишниот руски воен разузнавачки офицер Алексеј Лукашев, поручник во единицата ГРУ.

Според американските разузнавачки служби, Лукашев учествувал во хакирањето на серверите на Демократската партија на САД за време на изборите во 2016 година и координирал дел од сајбер нападите врз западните институции.

Би можело да ве интересира

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Русија: Маските паднаа, Европа конечно му го покажа на Трамп своето вистинско лице

Кошта: ЕУ може да разговара со Русија за многу прашања

Соборени се 250 дронови што се движеа кон Москва

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран