Руски генерал осуден на шест години затвор за проневера на над 270.000 евра

Од:

Рускиот воен суд го осуди поранешниот заменик-началник на Главната дирекција за иновативен развој на Министерството за одбрана на Русија, генерал Владимир Шестеров, на шест години затвор за проневера на повеќе од 270.000 евра за време на градежните работи во паркот Патриот“.

На Шестеров му е одземен чинот генерал-мајор и му е изречена парична казна од 5.500 евра, објави Интерфакс“.

Пресудата не е конечна и се очекува жалба.

Судот наложи враќање на 200.000 евра на Министерството за одбрана и 66.000 евра на паркот Патриот“, во согласност со тужбата на оштетените.

Генералот беше прогласен за виновен за измама од особено голем обем и фалсификување на службените податоци.

Истрагата утврди дека Шестеров, поранешниот заменик-министер за одбрана Павел Попов и директорот на паркот, Вјачеслав Ахмедов внеле лажни податоци за градежните работи помеѓу 2022 и 2024 година.

Затоа, имотот на осомничените во вредност од повеќе од 1.105.000 евра беше конфискуван.

Кривичната постапка против Ахмедов е во тек, додека истрагата против Попов продолжува, пренесува Танјуг“.

Би можело да ве интересира

Нов руски напад на Украина: НАТО активираше борбени авиони

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Русија го прогласи Михаил Касјанов за екстремист – поранешниот премиер сега е „закана за државата“

А1он

Три лица се повредени во напад со дрон врз станбени згради во Волгоград

Зеленски: Русија ги пропушти сопствените рокови за заземање на Покровск и Купјанск

Словачка доби одобрение да увезува руска нафта