Руски генерал: Конфликтот во Украина може да се претвори во војна од големи размери во Европа

Од:

Шефот на воената академија на Генералштабот на руските вооружени сили, генерал-полковник Владимир Зарудницки изјави дека не е исклучена можноста конфликтот во Украина да прерасне во голема војна во Европа.

Во напис за списанието „Воена мисла“, публикација на руското Министерство за одбрана, тој напиша дека се зголемува веројатноста за вмешаност на Русија во нов воен конфликт и дека Западот си поставил за цел „стратешки пораз“ на Русија, пренесува Спутник.

Според него, крајот на конфликтот во Украина нема да значи крај на конфронтациите меѓу Русија и Западот, имајќи предвид дека процесот на трансформација на постоечкиот светски поредок „кој е поврзан со зголемувањето на противречностите, а чие решавање практично секогаш води кон употреба на воена сила“ е иницирано.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања