Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

Од:

Руско беспилотно летало денеска во 17 часот и 55 минути погоди станбена зграда во Херсон на југот на Украина, само пет минути пред да стапи на сила велигденскиот прекин на огнот што го објави рускиот претседател Владимир Путин, соопшти началникот на кабинетот на украинскиот претседател – Андриј Јермак.

Тој објави видео од нападот на каналот Телеграм.

Рускиот напад на станбена зграда во Херсон на Телеграм го потврди и Дарија Заривна, советничка на началникот на кабинетот на украинскиот претседател, пренесува Укринформ.

Засега нема информации за евентуални повредени во нападот.

Претходно денеска Путин го објави велигденското примирје кое почнува во 18 часот и трае до недела на полноќ по московско време, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

„Едниствен победник од војната во Иран е Русија“

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Песков: Меѓународното право повеќе не постои, заменето е со беззаконие

Горан Наумовски

Русите лансираа смртоносна нова ракета

Катар е нова цел на масовен ирански напад со дронови

Американски разузнавачи: Русија индиректно се приклучи на војната, помагајќи му на Иран во нападите врз американските трупи