Руската фрегата „Адмирал Горшков“, вооружена со хиперсонични ракети Циркон ја заврши вежбата

Од:

Руски воен брод вооружен со напредни хиперсонични ракети ја заврши вежбата во Атлантскиот Океан пред заедничките поморски вежби со кинеската и јужноафриканската морнарица закажани за следниот месец, соопшти руското Министерство за одбрана.

Руската фрегата „Адмирал Горшков“, вооружена со хиперсонични ракети Циркон, вежбаше „симулација на ракетен напад против непријателска површинска цел“, изјави командантот на бродот Игор Крокмал.

Вежбата, која руските државни медиуми ја опишаа како виртуелна симулација, ги потврди „дизајнираните карактеристики“ на ракетниот систем, рече Крокмал, кој укажа на наводната способност на проектилите да достигнат растојанија од повеќе од 900 километри.

Фрегатата „Адмирал Горшков“ следниот месец ќе спроведе заедничка обука со кинеската и јужноафриканската морнарица крај брегот на Јужна Африка, соопштија Москва и Преторија.

Вежбите доаѓаат во период кога се приближува првата годишнина од руската инвазија врз Украина. Белата куќа соопшти дека САД се „загрижени поради која било земја што вежба со Русија додека Русија води брутална војна против Украина“.

За време на заедничкиот состанок во Преторија, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот јужноафрикански колега Наледи Пандор ги бранеа поморските вежби, при што Лавров рече дека Москва не сака никакви „скандали“ поврзани со вежбите. Пандор рече дека е нормална практика сите земји да спроведуваат воени вежби со „пријателите ширум светот“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала