Руски авион повторно слета во Венецуела

Од:

Авион на руското воено воздухопловство слета на главниот аеродром во Венецуела, јавија западни медиуми. Слична ситуација имаше и пред три месеци што предизвика вербална војна меѓу Вашингтон и Москва.

Руски авион од типот Иљушин 62 е регистриран на меѓународниот аеродром Симон Боливар. Во март со два авиона пристигнаа официјални лица од МО и 100 војници поради што САД ја обвини Русија за како што беше наведено, невнимателна ескалација на ситуацијата во јужноамериканската држава погодена од политичка криза.

Според сајтот Флајтрадар, бројот на авионот (RA-86496) е регистриран за руските ВВ сили и одговара на регистрација на авион што во таа земја пристигнал во март.

Засега Министерството за информации на Венецуела и МО на Русија не соопштија за целта на рускиот авион во Каракас.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски