Руската војска ја нападна ИД со ракети „Калибар“

Од:

Руската воена морнарица утринава од фрегатата „Адмирал Есен“ која е дел од Црноморската флота нападна објекти под контрола на терористичката група Исламска држава.

Во нападот на воени цели во реонот на сирискиот град Деир аз Зур биле користени софистицираните ракети „Калибар” при што се уништени команден штаб, пунктови за одржување комуникација, складови за оружје и работилници за ремонт и поправка на воена опрема.

Во нападот според соопштението на руското Министерство за одбрана загинале голем број вооружени членови на ИД.

Воениот удар на руската морнарица бил насочен кон селото Шола каде се утврдени џихадистички сили кои што се по потекло од Русија и од земји на Заедницата на независни држави, објави руското Министерство.

Би можело да ве интересира

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио