Руската авијација уништи команден штаб на Нусра фронт

Од:

Руските ВВС уништија команден штаб на терористичката организација Нусра фронт, нивниот лидер е во критична состојба, а 12 команданти се ликвидирани, изјави портпаролот на МО на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.

– Руската воена разузнавачка служба откри на 3 октомври место и време на одржување состанок на раководството на Нусра фронтот на чело со лидерот на групата Абу Мухамед ел Џулани. За уништување на таа цел руската авијација во Сирија испратила Су-34 и Су-35, прецизира Конашеков.

– За врема на нападот лидерот на Нусра фронтот Абу Мухамед ел Џулани се здобил со многубројни тешки рани и ја загуби и раката, и според информации од неколку извори, се наоѓа во критична состојба. Заедно со обебзедуавњето (околу 50 луѓе) убиени се и 12 команданти од Нусра фронтот вклучително и Ахмад ел Гизаи, близок помошник на Ел Џулани, изјави Конашенков.

Тој додаде дека специјалните акции на МО на Русија за ликвидирање терористи вмешани во напад врз руски војници во Сирија ќе продолжат.

Би можело да ве интересира

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек