Руска подморница видена кај брегот на Франција

Од:

Во близина на брегот на Франција е видена руска подморница, по што ја следеле бродови на француската воена морнарица, јави денеска Ројтерс, повикувајќи се на француската телевизија БФМ.

Подморницата беше видена на површината на морето на околу 100 километри од Бретања на 29 септември, објави ТВ БФМ. Француските медиуми јавуваат дека се работи за подморница Новорусијск на електрично-дизелски погон, која е дел од руската морнарица од 2014 година.

„Значајно е што таа беше на површината“

Она што е невообичаено е што подморницата се движела по површината на морето.

„Кога ќе ги земете во контекст војната и тензиите околу Украина, ова е многу значајно“, изјави за француски Телеграм Оливие Лебас, командант на командната зона на француската морнарица во Атлантикот.

Би можело да ве интересира

САД со порака до Русија и Украина: Време е или да кажат „да“ или се повлекуваме од овој процес

Зеленски: Русија краде кинеска технологија за смртоносни дронови

Захарова ја обвини Германија за русофобија

ISW: Русија е спремна да започне нова агресија

Руски дрон погоди автобус во Украина, најмалку девет лица загинаа, а 30 се повредени

(ВИДЕО) Русите го напаѓаат регионот Одеса со беспилотни летала