Руска опозиционерка и новинар добија украинско државјанство

Од:

Претседателот на Украина Петро Порошенко  потпиша указ со кои им се доделува украински пасош на руската опозиционерка Марија Гајдар, заменик-губернатор на Одеската област и на рускиот новинар Владимир Федорин поранешен главен уредник на украинското издание на списанието „Форбс“.

Минатиот месец поранешниот претседател на Грузија, Михаил Сакашвили и актуелен губернатор на Одеска Област ја именува Гајдар за своја заменичка. Таа ќе биде задолжена за социјалната сфера.

Гајдар истакна дека не сака да се откаже од рускиот пасош, но оти ќе дејствува „во согласност со украинските закони“.

Уставот на Украина не дозволува двојно државјанство. Украинското законодавство предвидува можност лица заслужни за Украина или лица кои од „државен интерес“ да добијат украинско државјанство. Но, за да добијат државјанство потребно е пет години да живееле во Украина.

Сакашвили беше именуван за губернатор на Одеска Област на 30 мај и доби украинско државјанство.

Би можело да ве интересира

Две третини од германскиот извоз на оружје отиде во Украина оваа година

Руски напад на југоисточна Украина, седум мртви

Зеленски: Десет Украинци ослободени од руско заробеништво по посредство на Ватикан

Руските трупи го гранатираа регионот на Херсон, едно лице загина

Горан Наумовски

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати