Руска изборна комисија: Трката за претседател ќе биде конкурентна, има 30 кандидати

Од:

Над 30 луѓе се заинтересирани да се кандидираат за претседателските избори во Русија, изјави шефот на Централната изборна комисија за државната новинска агенција ТАСС.

„Се разбира, кампањата ќе биде конкурентна, бидејќи е очигледно дека ќе има повеќе од еден кандидат. Во секој случај, веќе има повеќе од 30 луѓе кои сакаат да станат кандидати“, изјави Ела Памфилова за ТАСС.

Поранешната телевизиска новинарка Екатарина Дунцова беше спречена да се кандидира против рускиот претседател Владимир Путин на изборите следниот март поради „грешки“ во барањето за кандидатура, објави нејзиниот изборен штаб пред три дена на комуникациската платформа „Телеграм“.

Одлуката е донесена само три дена откако 40-годишната Дунцова поднела барање до изборната комисија да биде регистрирана како кандидат.

Таа имала намера да се кандидира со програма која вклучувала ставање крај на војната во Украина и ослободување политички затвореници.

Критичарите сметаат дека изборите се лажни процес со само еден можен исход.

Кремљ тврди дека Путин ќе победи бидејќи ужива вистинска поддршка во општеството, која според анкетите е околу 80 проценти.

Би можело да ве интересира

Трамп: Добро се согласувам со Путин

(ВИДЕО) Украинците нападнаа пазар, има мртви и ранети

(ВИДЕО) Русите ги изненадија Украинците користејќи гасовод за да ги „протнат“ војниците

Баро: Путин сака да избегне мир

Путин ги кажа условите за крај на војната во Украина: Москва одговори на заканите за санкции на Трамп

Нов руски напад во Украина, најмалку 20 загинати, меѓу повредените има и деца