Руска база во Европа

Од:

Блиц – Белград

Русија доби понуда од Кипар да изгради авионска и морнарска база на територијата на оваа земја. Со оглед дека е една од 28 држави членки на ЕУ, овој потег на Кипар предизвика голема загриженост кај европските сојузници.

Претседателот Никос Анастасијадис изјави дека неговата држава е подготвена на тој чекор да се изградат руски воени бази на своја територија. Официјалниот договор меѓу двете држави треба да биде потпишан на 25 февруари, наведе рускиот сајт Lenta.ru.

– Постои стар договор меѓу нашите две земји, кој ќе го обновиме и ќе го збогатиме со уште некоја клаузула. Истовремено, на Русија ќе понудиме одредена соработка која ја имаме и со некои други земји, како Германија и Франција – изјави Анастасијадес и додаде дека Кипар и Русија имаат традиционално добри односи и дека тоа нема да се менува под никакви околности.

Оваа изјава на претседателот на Кипар дојде откако Русија неодамна изрази желба да изгради воени бази во оваа земја.

Руското влијание во економијата на Кипар и тоа како е големо

Она што е интересно е фактот дека Кипар е една од 28 членки на ЕУ кои на Русија воведоа санкции поради судирот во Украина.

Сепак, Кипар како Грција внесе доза на немир во ЕУ откако изрази противење на воведувањето на дополнителните санкции на Русија, со констатацијата дека голем број на членки премолчено го делат нивниот став.

– Сакаме да избегнеме идно влошување на односите меѓу Русија и ЕУ – изјави претседателот Анастасијадес откако одби да учествува во проширувањето на санкциите кон Русија.

Извори од ЕУ наведуваат дека ставовите околу Русија се длабоко поделени и додека едни потезите на Кипар ги сметаат за црвена узбуна, други премолчено ја одобруваат ваквата политика.

Наиде на топло добредојде во Кипар: Владимир Путин

Се претпоставува дека Русија ќе ја користи воената база Андрес Папандреу, како и интернационалниот аеродром Пафос на југозапад на Кипар, што е само 50 километри оддалечен од британската баса Акротири. Покрај тоа, на руската морнарица ќе биде дозволено трајно да го користат пристаништето Лимасол.

Пристаништето Лимасол се граничи со британската воена база, која претставува значајна стратешка точка на делување на НАТО и центар на електронски надзор на активностите на алијансата.

Раша тудеј наведува дека овој договор и не е толку изненадувачки, со оглед на блиската економска соработка на двете држави во изминатите 20 години.

Тука пред се се мисли на податокот дека руските државјани во изминатите две децении префрлиле над 30 милијарди долари во кипарски банки – пренесе Раша тудеј.

Обраќањето на Русија за помош во последен момент го прекина ЕУ, што резултираше со затворање на втората најголема банка на Кипар.
По кризата во која влезе банкарскиот систем на Кипар во 2013 година, утврдено е дека речиси една третина од вкупниот капитал е токму од руско потекло. Да не го спомнуваме големиот број на компаниите од Русија чие седиште е регистрирано на Кипар.

– Руското присуство на Кипар можеби е и најважен фактор за напредок на нашата економија. Тоа се чувствува на секој чекор, од туризмот до пазарот на недвижнини – изјави Мајкл Флорентидис, главен економист во ХМ, една од најуспешните компании во Лимасол, која се бави со пружање на финансиски услуги.

Тензии од 2013

Паниката во западните земји беше на врвот во 2013 година, во текот на кипарската банкарска криза, кога оваа држава разгледуваше да побара економска помош за излез од кризата, токму од Русија.

Тензијата во ЕУ тие денови беше толкава што буквално можеше да се види во воздухот. Европа беше во страв дека Русија за возврат ќе ги побара поморските бази и пристап до државните резерви на гас.

На крај Кипар сепак се одлучи за помош да се обрати на тројката, ММФ, ЕЦБ и ЕУ, под притисок на Европската унија. Добија сума од 10 милијарди евра, а за возврат мораа да ја затворат втората најголема банка Лаики и да воведат плаќање на еднократна такса на сите неосигурани депозити, вклучувајќи ги и тие на странските државјани.

Би можело да ве интересира

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица